Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Блаже Крстев - Биринчето

Роден е во с. Бирино, Крушевско, во 1873 година. Рано се вклучил во редовите на ТМОРО, најнапред како основач, организатор и водач на Организацијата во селото а по убивството на крвникот Расим како четник во четата на војводата Ѓурчин Наумов. Непосредно пред Илинденското востание формирал своја месна чета со четници од неговиот крај обиколувајќи ги селата во Крушевскиот реон.

За време на Илинденското востание, на 2 август, заедно со четата на И.Н.Алабакот ја нападнал и освоил Крушевската касарна. По освојувањето на градот со својата чета се борел заедно со четите под раководство на П.Гули.

По Востанието продолжил да дејствува како околиски војвода во Демирхисарскиот и Крушевскиот реон. Кон крајот на 1904 година се вклучил во четата на И.Н.Алабакот и заедно заминале во Велешко да се борат против четите на Српскиот четнички покрет.

Загинал на 31 мај 1911 година во борба со турскиот аскер кај селото Журче, Демирхисарско.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik